САД побараа Советот зе безбедност на ОН да заседава за кризата околу Украина

САД побараа Советот зе безбедност на ОН да заседава за кризата околу Украина

За првпат Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се занимава и со актуелниот конфликт меѓу Украина и Русија. Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш го увери Киев во неговата поддршка.

САД соопштија дека побарале во понеделник да се одржи јавна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за кризата околу Украинапоради заканата која Русија ја врши врз меѓународниот мир и безбедност.

„Над 100.000 руски војници се распоредени на украинската граница и Русија применува други акти за дестабилизација кон Украина што претставува јавна закана за меѓународниот мир и безбедност и повелбата на ОН“, рече во соопштението американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

САД и сојузниците стравуваат дека Русија планира инвазија на Украина, што Русија го демантира, наведувајќи дека нема воени намери. Русија, меѓутоа, бара безбедносни гаранции од САД и од НАТО Украина да не стане членка на Алијансата.

Бајден телефонираше со Зеленски

Американскиот претседател, Џо Бајден, предупреди дека постои „изразена можност“ оти Русија би можела да ја нападне Украина наредниот месец, соопшти Белата куќа.

US-Präsident BidenПретседателот на САД, Џо Бајден имаше подолг телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски

Американскиот претседател тоа го коментирал во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот.

„Претседателот Бајден рече дека постои јасна можност оти Русите би можеле да ја нападнат Украина во февруари. Тој тоа јавно го кажа и ние на тоа предупредуваме со месеци“, изјави гласноговорничката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн.

За време на разговорот, претседателот Бајден „повторно ја потврди подготвеноста на САД заедно со своите сојузници и партнери одлучно да одговорат ако Русија ја нападне Украина“, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Русија во меѓувреме тврди дека постои мал оптимизам во решавање на кризата откако САД ги отфрлија главните барања на Русија. Натрупувањето десетици илјади руски војници на украинските граници во последните недели предизвикува страв од инвазија, но Русија негира дека планира напад.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …