Регионален бизнис-форум за жени претприемачи од Западен Балкан се одржува во Скопје

Регионален бизнис-форум за жени претприемачи од Западен Балкан се одржува во Скопје

Регионалниот бизнис-форум за жени претприемачи се одржува денеска и утре во хотелот „Дабл три Хилтон“ во Скопје. Настанот е организиран од Програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за жени претприемачи од Западен Балкан, со цел да се разменат искуства помеѓу претставници од финансиските институции и жените претприемачи од регионот.

„Програмата започна во октомври 2014 година, и има за цел да го промовира женското претприемништво, да го подобри пристапот до финансирање и консултантски услуги, како и да даде поддршка на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) од Западен Балкан кои се управувани од жени. Програмата е финансирана од ЕБОР, Луксембург, Шведска и Италија со интегриран пристап кој ги таргетира жените од микро, малите и средни претпријатија во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија“, информираат од ЕБОР.

Досега, Програмата обезбедила 40 милиони евра преку кредити достапни во седум партнерски банки во регионот и пристап до знаење за да им се помогне на компаниите управувани од жени да станат поконкурентни.

„Обуки, менторство, коучинг и можности за вмрежување се исто така дел од Програмата со цел да им се овозможи на жените претприемачи да изградат мрежи за соработка, да ги зајакнат своите вештини и да споделат искуства со нивните колешки. Досега, вкупно 5.000 жени биле поддржани од оваа Програма“, се додава во соопштението.

Во моментов Програмата за жени претприемачи е активна во 18 земји каде ЕБОР има свои резидентни канцеларии.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …