Регистрирани 1.112 нови случаи на ковид-19, оздравени се 709 пациенти, починаа 24 лица

Регистрирани 1.112 нови случаи на ковид-19, оздравени се 709 пациенти, починаа 24 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.553 тестирања, а се регистрирани 1.112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-321, Куманово-69, Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23, Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22.

Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од: Скопје-290, Куманово-30, Штип-31, Прилеп-62, Тетово-52, Струга-17, Велес-29, Битола-20, Охрид-57, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-6, Струмица-14, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-3, Кратово-4, Свети Николе-2, Кичево-10, Ресен-5, Неготино-8.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54.743, на оздравени пациенти е 32.366, починаа 1.511, а бројот на активни случаи изнесува 20.866. Досега се направени вкупно 312.143 тестирања.

Во Скопје има најголем број на дијагностицирани на ковид-19, 23.935, а активни се 9.883 случаи. Потоа, е Тетово со 3.526 случаи, од кои активни се 1.004 и Куманово со 3.427 пријавени случаи, од кои како активни се водат 961.

Денеска активни случаи по општини Скопје најмногу се евидентирани во Аеродром, 1.424, Гази Баба, 1.472 и Кисела Вода, 1.205 случаи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …