Лекот Фавипир за лекување на ковид-19 одобрен од Агенцијата за лекови, ќе се користи по препорака на лекар

Лекот Фавипир за лекување на ковид-19 одобрен од Агенцијата за лекови, ќе се користи по препорака на лекар

Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со ковид-19, поткрепена со сè почестите барања на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност на лекот на favipiravir (фавипир), информираат од таму.

„Во таа насока, сакаме да укажеме дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на ковид-19, па во таа насока апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар. Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на Вашето здравје. Затоа пред да земете лек, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот,“ се вели во соопштението.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Од Град Скопје ги повикуваат надлежните да постапат во најкус можен рок, бидејќи „се доведува …