горива бензини

Регулаторна комисија: Се намалуваат цените на горивата и до три денари

Со најновата одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика се намалуваат цените на горивата – бензините поевтинуваат по 2.5, додека дизелот поевтинува за три денари

РКЕ ги објави новите цени на горивата. Во согласност со најновата одлука и методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.97%.

Преведено, тоа значи дека цените на бензините се намалуваат по 2.5 денари па еден литар 95-октански бензин ќе чини 81.00 денари додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 83.00 денари.

Цената на дизелот се намалува за 3.00 денари за литар и еден литар Еуродизел ќе чини 83.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Прочитајте повеќе

министерство за финансии

Граѓаните веќе можат да инвестираат во втората граѓанска обврзница

Министерството за финансии ја издаде втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5% годишно …