Рехабилитацијата на делницата Фариш – Дреново се одвива со одлична динамика

Рехабилитацијата на делницата Фариш – Дреново се одвива со одлична динамика

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска извршија увид во градежните активности на патот Градско-Прилеп, односно делницата од Фариш до Дреново.

Министерот Сугарески рече дека предвидените активности се одвиваат со одлична динамика и дека гребењето и асфалтирањето на патот ќе биде завршено и порано од планираниот рок.

„Имаме сериозна динамика на активности, а во зависност од временските услови очекуваме во најбрз временски период патот да биде целосно изгребан и асфалтиран. Овој пат беше во многу лоша состојба, што најдобро им е познато на жителите од Пелагонискиот регион, така што со овој зафат ќе ги ублажиме тие состојби. Паралелно ќе продолжи и рехабилитацијата на патот од Рехабилитацијата на делницата Фариш – Дреново се одвива со одлична динамикаФариш до Прилеп, во должина од 19 км, а согласно Програмата на ЈП за државни патишта, очекуваме до крајот на овој и почетокот на следниот месец да заврши тендерската постапка. Моите очекувања се дека согласно сите проекти кои ги имаме, ќе имаме силна градежна офанзива. Во 2019 година имавме одлична реализација на капиталните инвестиции, оваа година на тој план ќе работиме уште поинтензивно“, изјави Сугарески.

Тој ја нагласи имплементацијата на проектот за локални патишта во висина од 70 милиони евра, средства кои ќе ги поделат сите 80 општини и градот Скопје, а од кои 1.25 милиони евра се за санација на локални патишта во општина Прилеп. Сугарески напомена дека значително е подигнат процентот на реализација на водоводи и канализации во руралните и во населените места.

Рехабилитацијата на делницата Фариш – Дреново се одвива со одлична динамикаЗоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта, рече дека независно од експресниот пат чија изградба од Градско до Дреново непречено се одвива, се работи и на рехабилитација на постојниот пат од Градско до Прилеп.

„Во Прилепскиот регион се работи и патот за Мариово, како и поголем број на други патишта со помали делници кои се работат по Програмата на ‘Македонија пат’. Дадена му е задача на Градежниот факултет да се сработи автопатско решение од Прилеп до Битола, после што ќе се распише тендер за проектирање. Во меѓувреме, во јуни завршува проектирањето на обиколница околу Битола и експресен пат до Меџитлија“, изјави Китанов.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски нагласи дека патот од Дреново до Фариш беше рак рана за граѓаните на Прилеп и за другите општини кои гравитираат во овој дел од нашата држава. Јованоски истакна дека со рехабилитација на локални улици и патишта, и Општина Прилеп се надоврзува на градежната офанзива на Министерството за транспорт и Рехабилитацијата на делницата Фариш – Дреново се одвива со одлична динамикаврски.

„Завршени се сите тендери за рехабилитација и реконструкција на улиците во Прилеп. Станува збор за улици во должина од околу 12 км, кои треба да бидат завршени во текот на март и април. Ќе се наредат околу 10.000 метри квадратни бекатон плочки, а на располагање имаме тампон за неколку илјади квадратни метри. Ќе се изврши нивелирање на шахтите, нешто што во градот не е направено со години, а сето ова, во интерес на граѓаните, ќе биде направено во текот на следните 2-3 месеци“, потенцираше градоначалникот Јованоски.
Покрај рехабилитацијата на патот Градско-Прилеп, ЈП ДП и „Македонија пат“ работат на реконструкција на повеќе патишта и во останатите општини од Пелагонискиот регион – Битола, Крушево, Демир Хисар, Кривогаштани, Могила и Новаци.

Прочитајте повеќе

Општина Прилеп започнува постапка за присилна наплата на неплатени обврски на физичките и правни лица

Општина Прилеп започнува постапка за присилна наплата на неплатени обврски на физичките и правни лица

Соопштение за јавност на Општина Прилеп: Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица …