Рекордна казна за Мета, сопственикот на Фејсбук, од 1,2 милијарди евра

Рекордна казна за Мета, сопственикот на Фејсбук, од 1,2 милијарди евра

Ирската комисија за заштита на податоци соопшти дека „Мета“ ја прекршила општата одредба за заштита на податоците, кога збирката на лични податоци на европските корисници на Фејсбук ги префрлила во САД, а притоа не ги заштитила доволно

Американскиот технолошки гигант „Meтa“ е казнет со рекордни 1,2 милијарди евра заради непочитување на правилникот за приватност на ЕУ.

Ирската комисија за заштита на податоци соопшти дека „Мета“ ја прекршила општата одредба за заштита на податоците, кога збирката на лични податоци на европските корисници на Фејсбук ги префрлила во САД, а притоа не ги заштитила доволно oд надзорот на податоци каков што врши Вашингтон.

Ова е најголема казна изречена согласно водечкиот закон за приватност на општата одредба за заштита на податоци и доаѓа во очи на петтогодишницата од примената на законот, 25 мај.

Луксембург претходно го казни Амазон со 746 милиони евра, а ирскиот регулатор исто така изрече четири казни против платформите Фејсбук, Инстаграм и Вотсап, во опсег од 405 милиони до 225 милиони евра, во последните две години.

Прочитајте повеќе

Европа ќе се поврзува со брзи железници до 2040 година

Европа ќе се поврзува со брзи железници до 2040 година

Европската комисија претстави два нови плана за намалување на емисиите на јаглерод во транспортниот сектор …