горива бензини

РКЕ: Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 15 мај годинава.

Од утре од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС-95 – 78,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС-98 – 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 39,433 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182%, кај дизелот за 1,847%, кај екстра лесното масло за 1,231% и кај мазутот зголемувањето е за 0,571%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072%.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија