РЕСЕН: БОГАТА ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ И ВКУСОВИ

РЕСЕН: БОГАТА ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ И ВКУСОВИ

Јавната установа Дом на култура „Драги Тозија“ од Ресен, и годинава подготвува богата предновогодишна музичка програма за сите вкусови.

Денеска со почеток во 18.00 часот, во кино салата ќе се одржи фолк вечер, на која ќе се изведува сплет од македонски народни песни. На фолк вечерта ќе настапат групата „Персиди“, групата „Астра“ и гостите од Охрид, групата „Романтик“. Вечерта ќе ја збогатат и вокалните солисти Ташко Каранфиловски, Марија Митровска, Елена Сековска, Ѓорѓи Ставревски, учесничката во емисијата „Неки нови клинци“, Фросина Петкоска, а на тапан ќе се претстави и Антонио Поповски. Вечерта ќе ја збогатат и членовите од КУД „Таше Милошевски“.

Во среда, 25 декември, во кино салата ќе се одржи поп – рок вечер со незаборавни ју рефрени, со почеток во 19.00 часот. Ќе настапат локалните бендови „Инстинкт“, „Тротоар“, „Аутбрејк“ и „Сајленс бенд“, а гости ќе бидат Мартин Димитриевски, Благојче Кичуловски, Сашо Тасовски и Тони Карапанчевски.

За љубителите на класичната музика, во четврток, на 26 декември, со почеток во 18.00 часот во Изложбениот салон во Ресенскиот сарај, ќе се одржи предновогодишен концерт на класична музика, на кој ќе учествуваат Лила Миљовска, Гоце Милошевски, Љупчо и Игор Милевски и Јован Симоновски.

 Забавата во петок продолжува за најмладите на плоштадот „Цар Самоил“ со почеток во 10.00 часот, кога ќе се одржи предновогодишен базар, со учество на децата од ликовната работилница при Домот на културата „Драги Тозија“ и ученици од основните и средните училишта. Овој настан е организиран од локалната самоуправа, во соработка со Домот на културата во Ресен.

 За крај на оваа предновогодишна богата програма, во петок, 27 декември, во 19.00 часот во кино салата, ќе биде одиграна претставата „Новогодишна бајка“, реализирана во соработка со локална самоуправа, Дом на култура „Драги Тозија“ и НВО „Жар“.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …