Еден од најпознатите светски режисери, оскаровецот Сер Ридли Скот, името кое стои зад некои од најуспешните филмови на сите времиња, меѓу кои ќе ги издвоиме само насловите Alien, Blade Runner, Thelma & Louise и Gladiator, го сними краткиот филм Behold за Samsung.
Во основа ова е рекламен филм за новите водечки телефони на Samsung, но Скот го направи исклучително професионално, па на моменти изгледа како да е снимен во холивудска продукција, како што можете да видите на видеото.