Ристовски: Членовите на Советот на јавни обвинители треба да си поднесат оставка

Членовите на Советот на јавни обвинители треба да си поднесат оставка, рече денеска заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.

На новинарско прашање дали ги следи случувањата во Советот на јавни обвинители, каде што имаше обвинувања за непотизам и судир на интереси, Ристовски рече дека за тие случувања се информирал преку медиумите.

– Нема да се мешам во работата на Советот на јавни обвинители, знам што се случи на таа седница. Од морален аспект, јас лично сметам дека треба да си поднесат оставка – вели Ристовски.

Претседателот на Советот на обвинители, Коле Штериев денеска не сакаше да одговори за спорниот избор на две обвинителки во Советот. Рече дека во текот на неделата ќе свика прес-конференција на кој ќе објасни се. Денеска не можел да говори пред новинарите, затоа што, како што рече, не бил подготвен.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …