Секој граѓанин ќе може сам да провери колку троши електрична енергија и да направи пресметка за тоа колку ќе плаќа во иднина по воведувањето на новиот тарифник, со помош на калкулатор којшто го објави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија е достапен на веб- страницата на РКЕ (www.erc.org.mk).
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прес-конференција информираше дека потрошувачката во период на важење на евтина струја нема да влезе во блок тарифите. Повисоки сметки за струја ќе плаќаат оние кои трошат над 420 киловат часови електрична енергија во висока тарифа.