„Ромалитико“: Македонија да биде една изборна единица

„Ромалитико“: Македонија да биде една изборна единица

Соопштение на Институтот за Истражување и Анализа на Политики „Ромалитико“- Скопје:

Институтот за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико, го поздравува и поддржува предлогот за воведување на една изборна единица кој неодамна беше предложен од страна на неколку политички партии. Имено, во изминатите години Институтот активно се залага за менување на сегашниот изборен модел и воведување на една изборна единица без изборен праг. Досега, политичкиот натпревар за глас повеќе го девалвираше гласот на ромскиот народ кој поради географски и политички скроени изборни единици немаат еднакви и фер можности за квантитативно соединување на гласовите на ромскиот електорат, па така избраниците на ромската заедница секогаш доаѓаат од втората изборна единица (Шуто Оризари и Куманово). Една територијална единица без изборен праг ќе овозможи подемократски амбиент и праведна изборна трка која ќе нуди квалитет и квантитет.

Со ваквиот модел, Ромите од цела држава ќе одлучуваат кој ќе ги претставува на национално ниво. Очекуваме дека политичките партии ќе го прифатат овој предлог, напуштајќи го сегашниот модел кој засега дава доминација на поголемите политички партии вклучувајќи ги и политичарите кои доаѓаат од втората изборна едница.

Меѓутоа, најавата за воведување на изборен праг ќе биде повторно на штета на помалите партии и тогаш се губи целисходноста на воведувањето на една изборна единица, бидејќи помалите партии нема да може самостојно да се натпреваруваат на избори и на тој начин ќе бидат зависни да коалицираат со поголемите политички партии. Во ваков случај, би било подобро да остане сегашниот изборен модел отколку една изборна единица со изборен праг.

Една изборна единица без изборен праг е решение кое што дава еднакви можности на помалите партии да партиципираат во изборниот натпревар во Собранието на Република Македонија.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …