Околу 300.000 луѓе ќе бидат опфатени со делумната воена мобилизација, најави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Тој претходно изјави дека ќе бидат повикани само оние лица кои имаат претходно армиско искуство. Според Шојгу, Русија не се борела против Украина, туку против целиот запад.
Министерот соопшти дека 5.937 руски војници загинале во конфликтот со Украина, што е многу помалку од проценките на Украина дека Русија изгубила над 50 илјади војници.
Претходно, истакнувајќи дека целта на Русија е ослободување на Донбас, Путин изајви дека мобилизацијата била неопходна за да се заштител народот на Украина. Тој нареди да се зголемат средствата за руската воена индустрија, за да се поттикне производството.
Според Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ова е сосема очекуван потег на Русија, што покажува дека војната не оди според нивниот план.
„Ова е апсолутно предвидлив потег, што повеќе личи како обид да се оправда сопствениот неуспех. Војната очигледно не се одвива според сценариото на Русија и Путин реши да направи крајно непопуларни чекори за мобилизација и строго ограничување на правата на луѓето“, вели Подољак, а пренесуваат светските новински агенции.