пари плата пензии

Следниот четврток на 29 септември, ќе почне исплатата на пензиите зголемени за 6,8 отсто

На синоќешната седница, Владата им препорача на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.09.2022 година.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 29.09.2022 година;

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во петок, 30.09.2022 година;

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во понеделник, 03.10.2022 година;

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во вторник, 04.10.2022 година.

Со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 %.

Зголемувањето е направено согласно новата методологија одобрена во март годинава.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …