Русија со фосфорни бомби го гаѓа Бахмут во најновиот обид за окупација

Русија со фосфорни бомби го гаѓа Бахмут во најновиот обид за окупација

Меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч  предупреди дека хемикалијата бел фосфор е „позната по сериозноста на повредите што ги предизвикува“

Украинските власти објавија снимки од дрон, во кои се гледа дожд од бел фосфор над Бахмут како последица на користењето на фосфорна муниција при гранатирањето на руските сили. Би-би-си пишува дека користењето на оружјето со бел фосфор не е забрането, но неговата употреба во населби во кои има цивили се смета за воено злосторство.

Користењето на фосфорни бомби е најновиот обид на Русија за да го окупира градот Бахмут во Донецкиот регион, за којшто води жестоки борби со украинските сили со месеци наназад. Инаку, бомбите со бел фосфор се опасни, бидејќи создаваат пожари кои брзо се шират и кои многу тешко се гаснат. Русија и претходно беше обвинета дека ги користи ваквите бомби, вклучувајќи ја и опсадата на Мариупол, град којшто подоцна го окупираше.

Од снимките што ги објави украинското Министерство за одбрана не е јасно кога точно се случил наводниот напад врз градот Бахмут, но на споделената снимка се гледаат високи згради зафатени од пламен.

Други видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат пожари кои беснеат на теренот каде што се фрлени фосфорните бомби.

Меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч  предупреди дека хемикалијата бел фосфор е „позната по сериозноста на повредите што ги предизвикува“.

Белиот фосфор гори на 800 Целзиусови степени и може да предизвика екстремни изгореници на човековото тело, исклучително е леплив и тешко се отстранува, а може повторно да се запали кога ќе се отстранат завоите над ранетите лица.

Русија е потписничка на Конвенцијата за одредени конвенционални оружја, со која се забранува употреба на запалливо оружје во цивилни области, Сепак, белиот фосфор не спаѓа во договорот, бидејќи неговата примарна цел при воени операции е „да создаде димна завеса за да ги скрие воените операции“.

Прочитајте повеќе

бајден

Бајден на самитот на НАТО излезе со одлучен говор

Американскиот претседател истакна дека алијансата е посилна од кога било и најави нова помош за …