Украина ракетирање

Русија со нови напади врз Украина, има загинати и повредени цивили

Руските воздушни напади врз Киев и останати градови во Украина продолжиле и во текот на изминатава ноќ, а од неколку населени места пристигнуваат информации за повредени и загинати цивили

Во најновиот руски воздушен напад врз Украина биле употребени 15 крстосувачки ракети и 21 камиказе-дронови, информираат украинските вооружени сили. Сите се уништени од украинската противвоздушна одбрана, но остатоците од ракета повредиле две лица во Киевскиот регион, а оштетени биле автомобили и куќи, пренесува Гардијан.

Покрај нападите од воздух, руските сили изминатово деноноќие продолжиле и со гранатирања од земја на населените места кои се наоѓаат во близина на линијата на фронтот. Украинските власти информираа дека најмалку двајца цивили загинале, а 12 биле повредени како последица на руското гранатирање во Донецкиот регион.

Во регионот Запорижја едно лице загинало, а две се повредени од руските ракети кои погодиле населени места. Во Херсонскиот регион изминатово деноноќие имало 16 повредени цивили како последица на истреланите руски ракети, пренесува Гардијан.

Во текот на ноќта бил погоден и градот Никопол во регионот Днипропетровск. Гувернерот Серхиј Лисак, објави дека гранати од тешка артилерија го погодиле градот, но и дека нема повредени цивили.

Агенцијата Ројтерс го пренесе и тврдењето на гувернерот на рускиот регион Белгород, во кое се наведува дека две лица загинале и уште две се повредени кога украинските сили гранатирале пат во рускиот град Маслова Пристан во близина на украинската граница. Тврдењата за загинатите лица, како и за тоа кој го извршил гранатирањето не се и независно потврдени.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …