сончево дождливо

Сончево и топло време во претпладневните часови, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Ќе продолжи периодот во кој во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …