Руски ракети завршија во ресторан во Краматорск – 8 загинати и 60 повредени цивили

Руски ракети завршија во ресторан во Краматорск – 8 загинати и 60 повредени цивили

Украинското обвинителство отвори истрага, нарекувајќи го ракетирањето како уште еден терористички чин од рускиот криминален режим против мирното цивилно население

Најмалку 8 цивили загинаа, а 60 се повредени од рускиот ракетен напад врз ресторан во центарот на градот Краматорск во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Меѓу загинатите лица, се и тројца тинејџери, една девојка на 17-годишна возраст и две сестри на возраст од 14 години.

Како што информира украинското јавно обвинителство, ресторанот во Краматорск бил погоден со две руски ракети „Искендер“ во текот на вчерашната вечер. Можно е да има и други лица под урнатините на објектот, при што на терен се спасувачките тимови.

Украинското обвинителство отвори истрага, нарекувајќи го ракетирањето како уште еден терористички чин од рускиот криминален режим против мирното цивилно население.

Украинската противвоздушна одбрана во изминатава ноќ уништила шест камикази дронови од иранско производство кои биле лансирани од руските сили. Два од дроновите погодиле објект во регионот Черкази, пренесува Гардијан.

Високи украински официјални лица во изјави за Би-би-си потврдуваат дека започнало одбројувањето на крајот на режимот на Владимир Путин. Тие тврдат дека Путин нема да може да ја преживее катастрофалната загуба на авторитет.

„Оваа (Русија) е терористичка држава, чиј лидер е неадекватна личност која има изгубено контакт со реалноста. Светот мора да утврди дека е невозможно да се има било какви сериозни односи со таа земја“, вели Андриј Јермак, еден од најблиските советници на претседателот Володимир Зеленски.

Други високи функционери тврдат дека против Путин веќе постои отпор од неформална, но добро организирана мрежа на поединци од рускиот врв.

Олексиј Данилов, секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана вели дека Евгениј Пригожин не е најзначајната личност и оваа мрежа може да прерасне во нова политичка елита.

Во оваа мрежа влегуваат официјални лица, претставници на руската олигархија и на руските безбедносни сили, кои веруваат дека одлуката на Путин да започне инвазија врз Украина минатата година била катастрофална одлука на нивен личен план, но и закана за Русија.

„Јас не шпекулирам“, инсистира Данилов. „Ние знаеме кои се овие луѓе“, додава тој.
Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Рекордни 300 милијарди долари за посиромашните земји во климатски договор на COP29

Рекордни 300 милијарди долари за посиромашните земји во климатски договор на COP29

Европската унија, САД и другите богати земји ветија дека ќе дадат рекордни 300 милијарди долари …