Руски суд осуди познат новинар на осум години затвор, ширел „лажни вести“ за инвазијата во Украина

Руски суд осуди познат новинар на осум години затвор, ширел „лажни вести“ за инвазијата во Украина

Познатиот рускиот новинар и критичар на Владимир Путин, Александар Невзоров е осуден на затворска казна од осум години за „ширење лажни вести“ за руската војна во Украина, пишува Политико. Московскиот суд го осуди Невзоров поради „објавување лажна информација за намерно бомбардирање на руската војска на породилиште во Мариупол“ на неговите профили на Инстаграм и Јутјуб.

Новинарот Невзоров известуваше и за масакрот на припадници на руската војска извршен врз невини лица во украинскиот град Буча. Судскиот случај против овој новинар беше инициран во март минатата година. Московскиот суд објави дека новинарот ќе треба да ја отслужи затворската казна доколку се врати во Русија и дека ќе му биде забрането да управува со интернет содржини во период од четири години.

Невзоров ја напушти Русија минатото лето откога се најде на руската листа на странски агенти и оттогаш доби украинско државјанство.

На темата за војната на Русија против Украина, Невзоров објавува содржини на неговиот канал на Јутјуб, којшто има 2 милиони претплатници.

Пресудата против новинарот Невзоров доаѓа како последен потег во репресијата што ја започнаа руските власти врз медиумите во земјата. Руската држава воведе забрана за именување на конфликтот во Украина како „војна“ или „инвазија“. Законот, кој стапи на сила во март минатата година, предвидува казна до 15 години затвор за новинарите и истата предизвика повеќето независни медиуми да ја напуштат земјата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …