Рускиот премиер Медведев поднесе оставка

Рускиот премиер Медведев поднесе оставка

Владата на рускиот премиер Дмитри Медведев денеска си поднесе оставка, јавуваат руските медиуми, кои наведуваат дека оставката Медведев му ја доставил на претседателот Владимир Путин.

Како што јавува агенцијата Тасс, Путин му се заблагодарил на Медведев за неговата работа и му понудил нова функција – заменик-секретар во претседателскиот совет за национална безбедност. Путин, како што јавува Интерфакс, побарал од кабинетот на Медведев да продолжи со работа додека се формира нов.

Оставките следуваат по годишното обраќање на претседателот Владимир Путин пред членовите на Думата, каде тој предложи серија уставни реформи, со кои поголеми овластувања се доделуваат на законодавниот дом, вклучувајќи ја и можноста за избор на Премиерот на Русија.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …