месечината

Руското вселенско летало Луна-25 се урна на Месечината

Ова беше прва руска мисија на Месечината по речиси 50 години. Леталото без екипаж требаше да биде првото што некогаш ќе слета на јужниот пол на Месечината

Руската државна вселенска агенција „Роскосомос“ соопшти дека вчера изгубила контакт со вселенското летало Луна-25, откако настанале проблеми додека леталото се подготвувало за орбитата пред слетувањето.

Руското роботско летало се урнало на Месечината, пренесува Јуроњуз.

„Апаратот премина во непредвидлива орбита и престана да постои како резултат на судир со површината на Месечината“, се вели во соопштението на Роскосмос.

Се очекува специјална комисија да ги испита причините зошто мисијата не успеа.

Ова беше прва руска мисија на Месечината по речиси 50 години. Леталото без екипаж требаше да биде првото што некогаш ќе слета на јужниот пол на Месечината. Ниту една земја досега не слетала на овој лунарен дел.

Мисијата беше предвидено да истражува дел од Месечината за кој научниците сметаат дека, поради трајно засенчените поларни кратери, можеби содржи замрзната вода и скапоцени елементи. Замрзнатата вода во карпите истражувачите би можеле да ја трансформираат во ракетно гориво.

Ракетата беше лансирана на 11 август, што претставува прво лансирање за Русија од 1976 година кога беше дел од Советскиот сојуз.

Прочитајте повеќе

Запорожје нуклеарна централа

Украинско МНР: Русија е единствената држава во светот која се обидува да украде нуклеарна централа

Ги повикуваме нашите партнери да го зголемат притисокот врз државата агресор, вклучително санкциониот притисок во …