ХААРП не влијае врз климата

ХААРП не влијае врз климата

Поради вградени нови технологии, САД овие антени ги употребуваат и во комуникациите и во особено длабоките делови од морињата или земјата. Но, не е точно тврдењето дека овие антени можат да влијаат врз промените на климата, дека предизвикуваат земјотреси, итн.

ХААРП не се злоупотребува за целите коишто се наведени во оваа објава на Фејсбук, за провоцирање временски катастрофи и уништување на Земјата. Тврдењето дека ХААРП е контролиран од лаптоп е измислица на авторот и никаде не постојат такви информации. Научната јавност демантира дека со ХААРП се контролира климата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот го пренесуваме во целост:

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Харп. Нема да мудрувам со Теслиниот изум но затоа побарајте и видете што значи Харпот. Како и сите Теслини изуми кои требаше да се користат за добробит на човештвото , така и харпот требаше да го прави тоа. Тој требаше да донесе дожд во Африка и контрола за идеална светска клима. Арно ама… 

Македонија Харп нема, но затоа нашиот стратешки партнер Америка го има. Го имаат и нашите словенски браќа Русите, го имаат и Кинезите и Индијците. 

Сите наброени иматели на харпот се водени од еден центар додека на светот му прикажуваат театар кавгајќи и ратувајќи меѓусебно. 

Теоретичар на заговор. Ха ха, од кравите од Холандија. Односно од нивните гасови и измет се пореметила климата. И тоа некој го верува. Драснати луѓе. Мислам дека дури на крајот кога ќе изумре човештвото некаде 10 посто од него ќе се разбуди и освести дека токму тие што ги рани се неговите смртни непријатели. 

Секако и Харпот е Божја алатка затоа што Бог е создател дури и на големиот Тесла кој го изумил.

 Харпот е дозволен да разара ширум плочата земја директно од Бога се со цел да се разбуди човештвото. Но тоа спие, спие, спие. 

Искрено жалам за човечките загуби и материјалните сретства на сите погодени од харпот кој некој од лаптоп го контролира.

 Боже, ако сме вистина твој Божји народ, одмини ја Татковината. Ако мора, тогаш одбери ги куќите и имотот на слугите на сатаната. Одмини не како што ги одмина евреите во Египет.

„Твојата праведност е како горите Божји, а судовите Твои како голема бездна! И луѓе и добиток ќе спасиш Ти, Господи“.

ХААРП, е високофреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина, кој е заеднички проект од различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети ширум САД. Научниците направија лабораторија во Гакони, Аљаска и инсталираа 180 високофреквентни антени, кои заедно можат да емитираат 3.600 киловати радиобранови на фреквенциите од 2.8 до 10 мегахерци (високфреквентен ранг), што им овозможува на особено чувствителните инструменти да ги измерат физичките процеси кои се одвиваат во тој појас.

Работата на истражувачкиот објект беше префрлена од Воздухопловните сили на САД на Универзитетот во Алјаска, Фербенкс, на 11 август 2015 г., дозволувајќи му на ХААРП да продолжи со истражување на јоносферската феноменологија преку договор за соработка за истражување и развој за користење на земјиштето.

Поради вградени нови технологии, САД овие антени ги употребуваат и во комуникациите и во особено длабоките делови од морињата или земјата. Но, не е точно тврдењето дека овие антени можат да влијаат врз промените на климата, дека предизвикуваат земјотреси, итн.

Тврдењето во објавата која ја рецензираме дека ХААРП е контролиран од лаптоп е измислица на авторот и никаде не постојат такви информации. За делот кој се однесува на тоа дека со ХААРП се контролира климата, самите научници го демантираат тоа. На сајтот на ХААРП поради бројните дезинформации и теории на заговор, чија целна мета е програмата, објавени се одговори на често поставувани прашања меѓу кои и тоа дали ХААРП може да го манипулира времето. Одговорот е негативен.

Не. Радиобрановите во фреквенцискиот опсег во кој трансмитира ХААРП, не се апсорбирани ниту во тропосферата ниту во стратосферата кои се двете нивоа на атмосферата кои ги произведуваат временските прилики. Бидејќи нема интеракција, нема шанса ниту да се контролира времето со ХААРП. Тоа е голем радиотрансмитер. Радиобрановите имаат интеракција со електрични полнења и струи и немаат значителна интеракција со тропосферата. Исто така, ни јоносферските бури кои се предизвикани од сонцето не влијаат на временските услови на Земјата. Па така, не влијае ни ХААРП, пишува на сајтот.

Во објавата се споменува Теслин изум кој наводно бил злоупотребен наместо употребен. Ваквите тврдења на Фејсбук се шират барем од 2014 година. Ама ХААРП истражувачката станица почнала да се гради во 1993 година, долг временски период по смртта на Тесла. ХААРП не се злоупотребува за целите наведени во објавата што ја рецензираме, односно за временски катастрофи и уништување на земјата. Така што дури и дел од изум на Никола Тесла да бил некако инкорпориран во ХААРП, тоа е напредок на науката во повеќедецениски интервал.

Вајс во 2018 година има известено  дека Кина и Русија спровеле тивки експерименти за да манипулираат со атмосферата на Земјата. Научници од двете земји, според медиумот, заедно извршиле пет тестови за кои некои шпекулираат дека се поврзани со војската. Експериментите вклучувале загревање на јоносферата која е горен наелектризиран слој од атмосферата. Во рускиот јоносферски капацитет СУРА се користел моќен предавател за пумпање радио енергија во јонизираната плазма што го карактеризира овој слој околу 310 милји над површината на Земјата.

Откако јоносферата била стимулирана, сензорите на кинескиот сеизмоелектромагнетен сателит го снимале тоа од орбитата.

Има многу возбуда, но сите овие работи ги правевме со години. Она што беше направено не е ништо возбудливо, освен пораката дека Русија и Кина се заинтересирани за овој простор, изјави Денис Пападопулос професор по физика на универзитетот во Мериленд кој спровел слично истражување и во САД.

Повеќето од тестовите не предизвикале нарушувања на плазмата, се забележува во студијата. Сепак, еден тест наводно создал електричен скок со 10 пати повеќе негативно наелектризирани субатомски честички, отколку околните региони според весникот во Хонг Конг South China Morning Post.

Во студијата се тврди дека уште еден тест ја зголемил температурата на јонизираниот гас во одредена област за 212 фаренхајтови степени. Научниците долго време се заинтересирани за нови технологии особено во одбраната, вселената и комуникациските индустрии.

Со покачување на густината на плазмата или со креирање структури кои ги расфрлаат радиобрановите, можно е да се блокираат комуникациитепишува Вајс.

Значи, целта на овие истражувања не е манипулација со климата, како што невистинито се тврди во објавата, туку комуникациите.

Русија нема ХААРП, а нема ни Кина, ни Индија. Всушност, владата на Индија самата има изјавено дека „ХААРП може да предизвика глобално затоплување”. Само САД има ХААРП и не го користи за манипулација со временските прилики.

Вистиномер веќе има пишувано за тоа дека климата навистина е променета и јаглерод диоксидот има удел во тоа. Проверувачите на факти на ААП, го прашале професорот Брус Вард, јоносферски истражувач на Универзитетот на Аделаид дали има можност ХААРП да влијае врз времето?

Категорично не, изјавил тој.

ХААРП објектот има отворен ден каде може да го посетат посетители кои се заинтересирани и да дознаат повеќе за самиот проект.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …