Ковачевски: Процесот за уставни измени само што започна, има 73 пратеници во овој момент

Ковачевски: Процесот за уставни измени само што започна, има 73 пратеници во овој момент

  • Процесот на уставните измени само што започна, со 70 гласа за изгласување на дневниот ред, иако некои претпоставуваа дека ќе биде под 65 пратеници, меѓутоа во моментов има 73 пратеници, рече во интервју за Сител телевизија, премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Собраниската седница покажа дека СДСМ и коалицијата, европската коалиција се за продолжување на европската интеграција на Македонија и дека опозицијата сака да ја блокира европската иднина на земјата.

  • Повторно, како што било во минатото ДПМНЕ е за блокада на патот на С. Македонија во европските интеграции, односно зачленување во ЕУ исто како што беше и против зачленувањето во НАТО. Вие се сеќавате дека ние поминавме еден процес на уставни измени и при зачленувањето на НАТО. Благодарение на тој успешен процес, денес сите сме горди што сме земја членка на НАТО особено кога се води воен конфликт во Европа, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер додаде дека е убеден дека македонското Собрание има капацитет да донесе уште една стратешка одлука за иднината на земјата.

  • Убеден сум дека нашето Собрание има капацитет да донесе уште една голема, стратешка одлука за граѓаните, пред се’ за иднината на граѓаните со која што ќе го започнеме отворањето на кластерите, по успешното завршување кое следи на скрининг процесот, веќе првиот извештај за кластерот фундаменти е завршен. И до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва на Сител телевизија.

Прочитајте повеќе

Дивоградби во Охрид

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

За случајот со дивоградбите и незаконски приватизираните парцели во Студенчишко Блато, Фронт 21/42 поднел пријави …