Навални

САД бараат итно ослободување на Навални

Соединетите држави ја осудија одлуката на судот во Москва да го затвори опозицискиот политичар Алексеј Навални во случајот кој се смета за политички мотивиран. „Го повторуваме нашиот повик руската влада веднаш и безусловно да го ослободи Навални, како и стотиците други руски државјани кои неправилно беа приведени во последните неколку недели заради остварување на нивните права, вклучително и правата на слобода на изразување и мирно собирање“, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен неколку минути по пресудата во московскиот суд.

Судијката Наталија Репникова нареди условната казна од три и пол години, која Навални ја доби во 2014 година, да се смени во казна затвор, додавајќи дека времето поминато во домашен притвор во изречената казна ќе се смета за издржано време, со што ќе се намали неговиот затвор на 2 години и 8 месеци. Европскиот суд за човекови права пресуди дека пресудата од 2014 година за обвиненија за проневера е незаконска. „Европскиот суд за човекови права заклучи дека осудата на Навални од 2014 година, што е основа за новата казна, е „незаконска и произволна“и „политички мотивирана“, се вели во изјавата на Бликен. Инаку, за време на вчерашното судење во Москва беа приведени околу 1.300 приврзаници на Навални кои бараа негово ослободување.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …