Претставничкиот дом на САД

САД одобри 61 милијарда долари за воена помош за Украина

Претставничкиот дом ја изгласа контроверзната мерка по неколку месеци одложување и вклучува 26 милијарди долари помош за Израел и 8 милијарди долари помош за земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, за да се спротивстават на „комунистичката Кина“

Претставничкиот дом изгласа мерка со која одобри милијарди долари за воена помош за Украина, Израел и земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, пренесува Би-би-си.

Мерката вклучува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди долари за Израел, од кои 9 милијарди ќе се искористат за хуманитарна помош за Газа, и 8,1 милијарди за југоисточна Азија за „спротивставување на комунистичката Кина“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколкупати во последните недели изјави дека помошта од САД е „клучна“ и дека без неа Украина би ја изгубила војната против Русија.

Републиканските конгресмени кои гласаа за мерката истакнаа дека околу третина од парите за Украина ќе се искористат за обновување и снабдување на оружја и муниција.

Дополнително, Украина ќе добие помош од 9 милијарди долари од „простливи долгови“, односно долг кој не се обврзани да го вратат.

Следно треба мерката да биде одобрена од Сенатот, кој се очекува да ја изгласа, па да биде конечно одобрена од претседателот Џо Бајден.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …