Д-р Филипче со граѓанските здруженија: Политиките секогаш ги носам заедно со оние на кои им служат

Д-р Филипче со граѓанските здруженија: Политиките секогаш ги носам заедно со оние на кои им служат

За време на мојот мандат како министер за здравство најдобрите искуства, најпозитивните дискусии и едни од најдобрите резултати во моето работење ги постигнавме заедно со граѓански организации.

Ова го истакна д-р Венко Филипче, кој денеска во рамки на своите предизборни активности како носител на листа во Изборната единица 4, во Струмица оствари средба со претставници на граѓанските организации од овој регион.

„Сметам дека најдобри познавачи на одредени проблематики во различни општествени сфери се токму граѓанските организации, а следствено на тоа, тие се и оние кои најдобро знаат да понудат решенија коишто ќе бидат применливи и ќе им служат на тие за коишто се наменети“, рече Филипче.

И не само во Министерството за здравство, Владата на СДСМ во изминатиот седумгодишен мандат покажа како се креираат политики по мерка на граѓаните. Изминатите седум години сите процеси што ги водевме беа инклузивни и во нив беа вклучени сите засегнати страни и сите претставници на граѓаните што придонесе за креирање на политики кои одговараат на потребите на граѓаните, ги адресираат нивните барања и влијаат позитивно на нивното севкупно живеење.

„Јас верувам во тоа дека политиките се реални и рационални и треба да се носат за да служат на тие коишто се наменети. Не верувам во наметнати политики“, потенцира Филипче.

Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер за здравство, беа направени измени во Законот за здравствена заштита со коишто се овозможи цели програми да се спроведуваат од страна на граѓанските организации.

„Има програми за сексуално репродуктивно здравје, превентивни ХИВ програми, коишто Министерството за здравство целосно ги финансира, а ги спроведуваат граѓанските организации. Го признава и го поддржува нивното знаење, нивните контакти, нивните активности поради тоа што токму тие организации ги знаат проблемите во јадрото. Тие се меѓу тие луѓе, дури и лично ги знаат луѓето на коишто се однесуваат тие активности и програми и можат најдобро да одговорат на нивните потреби“, вели Филипче.

Невладините организации и граѓанскиот сектор секогаш беа дел од процесите на креирање стратегии, закони и други политики преку консултации, советувања и нивна директна вклученост во бројни работни групи и ваквата соработка ќе продолжи и во иднина, рече Филипче.

Покрај вклучувањето на невладините организации и граѓанскиот сектор во процесите на одлучување, големо внимание посветуваме и на поддршка на нивната работа и вреднување на нивната експертиза во бројни области. Без разлика дали станува збор за усогласување на македонското со европското законодавство или пак креирање на здравствените политики, граѓанските организации и невладиниот сектор од една страна се најважниот партнер бидејќи се формирани од граѓаните и најдобро ги познаваат нивните проблеми, а од друга страна нудат експертски познавања што заеднички ги преточуваме во закони и политики, истакна Филипче.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …