Од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година, САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.
Македонско – американската одбранбена соработка се продлабочува на највисоко ниво, при што САД ќе одвојат дополнителни 31 милион долари за опремување и модернизација на Армијата на Северна Македонија, информираат од Министерството за одбрана.
Со оваа финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата.
„Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО“, стои во соопштението на Министерството за одбрана.