Садула Дураки назначен за вицепремиер во Владата

Садула Дураки назначен за вицепремиер во Владата

На вчерашната 142. седница на владата, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки е назначен за вицепремиер во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Дураки беше сменет со „метлата“ на Заев и од министер за животна средина и просторно планирање, сега е министер во новото Mинистерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој е министерот кој ќе остане запаметен по изјавата дадена во врска со загадувањето, кога на прашање  за тужбата што граѓаните ја подготвуваат против државата заради здравствените последици кои ги трпат поради загадениот воздух, тој одговори дека „не се бави со граѓаните“ и „Македонија не е Швајцарија“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …