Сали: Од „Жан Митрев клиник“ добивме 560 досиеја за пациенти третирани со хемофилтрација

Сали: Од „Жан Митрев клиник“ добивме 560 досиеја за пациенти третирани со хемофилтрација

По документарниот филм „Нечиста крв“на Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ), во кој отркиваат дека Клиниката на кардиохирургот вршела клинички студии на пациенти со методот на хемофилтрација без да ги пријави, а воедно се истражуваат и смртни случаи, поврзани со бактериски инфекции кај пациенти, министерот за здрваство Беким Сали одново побара време за здравствените институции да утврдат што точно се случувало во приватната болница Жан Митрев клиник.

Освен оваа специјална стручна комисија која ќе треба да изготви заклучок за секој пациент поединечно, Сали ќе чека извештаи и од ДСЗИ, Лекарска Комора, МАЛМЕД и Комисијата за интрахоспитални инфекции.

„Ние добивме материјали од „Жан Митрев“, беа соработливи и ни ги доставија сите побарани материјали. Се работи за 560 пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја кои се обемни, затоа што имаме пациенти кои престојувале таму и по еден месец. Целиот тој третман треба да се анализира од експерти, лекари кои цел живот тоа го работат. Ќе го анализираат секој поединечен случај“, изјави денеска министерот Сали.

По објавата на документарниот филм кој ја следи и голготата на семејство од Велес кое изгубило близок член во клиниката, до редакцијата на ИРЛ стигнале стотици пријави и од други граѓани за вакви слични случаи.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …