СДСМ: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска, нема промени во оваа партија

СДСМ: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска, нема промени во оваа партија

Прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани,

ДПМНЕ излажа за потписите на Силјановска, ниту ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска немаат поддршка од граѓаните.

Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, но не успеа.

ДПМНЕ не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка и кандидатурата во ДИК ја поднесе со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.

И што е најлошо повторно ги излажаа граѓаните.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.

Паднаа во вода лагите на ДПМНЕ, паднаа во вода помпезните прес конференции дека за неколку часа биле собрани потписи, дека повеќе биле собрани.

Еве се покажа дека не биле, дека немаат поддршка.

Нема никаква промена во ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.

На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …