СДСМ: ДПМНЕ создаде хаос во Скопје - да не дозволиме да стане исто и со државата

СДСМ: ДПМНЕ создаде хаос во Скопје – да не дозволиме да стане исто и со државата

Соопштение за јавност на СДСМ

Скопје е пример како владее ДПМНЕ. Како што не ги исполнија ветувањата за проектите што ќе ги реализираат во Скопје, така и сега даваат лажни ветувања за претстојните избори.

ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, создаде хаос во главниот град.

Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија потонати во долгови.

Ветуваа бесплатен јавен превоз, па, за прв пат во историјата, ги оставија Скопјани без превоз.

Ветените нови 250 нови автобуси, никаде ги нема, додека овие старите се проретчени и нередовни.

Ветуваа мега паркови, а градот е нечист, депонии никнуваат насекаде.

Со глас за СДСМ граѓаните нема да дозволат да стане исто со државата.

Прочитајте повеќе

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Соопштение за јавност на СДСМ Наместо вработените во низа институции да слават достоинствено Велигден, тие …