СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат ни еден ѕид добро да направат

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат ни еден ѕид добро да направат

Соопштение за јавност на СДСМ

Граѓаните секојдневно на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Последниот пример со кој одновно исплива на виделина нивната неспособност е потпорниот ѕид кој се урна во населба Пинтија.

Додека потрошија над 600 милиони евра за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде побитни биле провизиите отколку квалитетот.

Показател за тоа е и потпорниот ѕид кој се урна завчера и чиста среќа е што нема човечки жртви.

Одговорност мора да има за овој пропуст и од изведувачот и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски е ист како Данела Арсовска, освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци и седум месеци ништо не сработи за граѓаните и општината.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најнеуспешните градоначалници и најголемо разочарување за граѓаните.

Прочитајте повеќе

Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално?

Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално?

Соопштение за јавност на СДСМ Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот …