Сдсм знаме

СДСМ: Имаме план како да се справиме со блокадите од ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ

Најавата за засилени блокади на Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира неколку десетици закони во интерес на граѓаните меѓу кои и Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата.

Ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните не е ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

СДСМ, парламентарното мнозинство досега наоѓале начин за надминување на блокадите, така ќе биде и сега.

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски државата да ја држат во заложништво заради лични и партиски интереси.

Прочитајте повеќе

Мицкоски

Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Со владин авион и парите од граѓаните …