Ковачевски: Буџетот не е „шведска маса“, мора да се има одговорност

Ковачевски: Буџетот не е „шведска маса“, мора да се има одговорност

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ 21 нагласи дека во услови кога расте инфлацијата која е предизвикана од зголемените цени на енергенсите, од зголемените цени на храната на светските берзи, од зголемените цени на суровини на светските берзи, и во услови кога се справуваме со тоа во државата, Владата ја зголеми минималната плата на задоволство на сите синдикати, иако имаше дел од синдикатите кои што не сакаа да се постигне договор.

„Јас секогаш сум бил на страната на работниците. Секогаш велам дека најлесно се качува плата којашто ја плаќаат даночните обврзници. Синдикатите бараат поголеми плати, Владата треба да подобри и тоа ќе го плаќаат даночните обврзници. Во приватниот сектор не е така, во приватниот сектор треба да се зголеми продуктивноста, треба да се произведе повеќе и треба да се продаде повеќе, за да се зголеми платата. Ние имавме долги разговори со раководството на синдикатот, значи не само со претседателот туку со целиот Совет на СОНК, дури и со претседателката на образовните синдикати на Европа. Сега е во тек процес на медијација. Се водат разговори во Министерството за образование и наука и во Министерството за труд и социјална политика и треба да се дојде до решение кое што ќе значи за зголемување на платите во образованието и детската заштита. Но, сите работи мораа да се кажат. Буџетот не е шведска маса па земи си од ова, земи си од она, малку блокирај, малку деблокирај и сé ќе биде. Не може така. Треба да се има одговорност. Не смееме да си дозволиме да имаме инфлаторен шок и тоа е прашање на одговорност на секој чинител“, потенцираше премиерот Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …