СДСМ

СДСМ: Ковачки и ДПМНЕ да прашаат во која фиока е случајот Делчевски ниви

Реакција на СДСМ изјавата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Партиите не се ниту Суд ниту Обвинителство и доколку ДПМНЕ има некакви докази за незаконски активности за било кого, треба да ги достави до надлежните институции.

СДСМ нема намера да го симне нивото на политичка култура на она од ДПМНЕ.

Лицемерно е што обвинувања доаѓаат од страна на политичката партија ДПМНЕ.

Затоа што ДПМНЕ е политичка партија чиешто седиште е сместено во криминално стекната, конфискувана зграда којашто е и дивоградба и чиј почесен претседател е на црната листа на САД.

Нека се запрашаат тие до каде е нивниот случај и во која фиока седи случајот за нивната зграда.

Има бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ со нивни јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение.

Дали има и други случаи коишто седат во фиока како на пример Делчевски ниви?

Ете, Ковачки и ДПМНЕ нека ги прашаат надлежните институции до каде е случајот Делчевски ниви и во која фиока седи?

Прочитајте повеќе

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе остане запишан како политичка сила која ја врати државата на вистинскиот пат

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе остане запишан како политичка сила која ја врати државата на вистинскиот пат

„На 8 мај само вие, со моќта на вашиот глас одлучувате во каква држава ќе …