Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков.
Премиерот Ковачевски му го честиташе мандатот на бугарскиот премиер Денков и посака успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи.
Во разговорот е изразено очекување од двете страни, за добра меѓу владина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи.
Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните.