СДСМ

СДСМ: Крлежите од ДПМНЕ 32 години ја уништуваат државата и го загрозуваат јавното здравје

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Во историјата на државата нема поштетен субјект од партијата ДПМНЕ, 32 години крлежите од оваа партија ја уништуваат државата.

Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски бесрамно злоупотребува човечки трагедии за политички цели, а здравјето, интересите и потребите на граѓаните им се на последно место.

Тоа најдобро се покажа во време на пандемијата со коронавирусот кога лично Мицкоски лажеше дека немало тестови, дека немало персонал, лично тој прв ги прекршуваше мерките за заштита и го загрозуваше јавното здравје.

И денес исто како и тогаш шират лажни вести за работата на здравствените институции посветени на заштита на јавното здравје.

ДПМНЕ со своето дејствување е опасност по здравјето и сигурноста на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …