СДСМ: Мицкоски е на потег, да одлучи дали е за ЕУ или за изолација

СДСМ: Мицкоски е на потег, да одлучи дали е за ЕУ или за изолација

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Откако министрите од ДУИ поднесоа оставки, кои ќе се ефектуираат веднаш откако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени, сега на потег е Христијан Мицкоски.

Со претходно донесените одлуки на Централниот одбор на СДСМ, како и со последната одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ.

Ставајќи го државниот пред партискиот интерес СДСМ и ДУИ покажуваат одговорност кон врвната стратешка цел, а тоа е европската иднина на земјата и сите наши граѓани.

Уставните измени се влезени во собраниска процедура, јавно се објавени и откако нивната содржина е јавно достапна, никој, па вклучително и Мицкоски нема ништо против таквите измени.

Сега, на потег е Христијан Мицкоски да докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или се грижи само за својата фотелја во Белиот дворец.

Членството во ЕУ е врвна стратешка цел на мнозинството граѓани, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ не отстапува.

Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина на нашиот народ и нашата држава.

Еве уште една шанса за Мицкоски и ДПМНЕ кои со глас за Европа во македонското Собрание можат да покажат дека навистина се за европската агенда, дека европската агенда е и македонска, наместо само да кочат и блокираат.

Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат.

Мицкоски да ја искористи шансата и да одлучи: Глас за ЕУ или изолација.

Прочитајте повеќе

Илон Маск, победник на изборите во САД

Илон Маск, победник на изборите во САД

Со многу пари и медиумско влијание го поддржа Доналд Трамп. Илон Маск, најбогатиот човек на …