СДСМ

СДСМ: Мицкоски и Милошоски се примери за непотизам – едниот вработен кај татко му, другиот со вдомена цела фамилија

Соопштение за јавност на СДСМ

Мицкоски, Милошоски и многу други од ДПМНЕ се последни кои имаат некаков образ, затоа што тие се пример за непотизам.

Мицкоски е вработен на Факултет кај својот татко, прво како асистент.

Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ, а токму во ЕЛЕМ-турс беше вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски.

Милошоски со ДПМНЕ ја вдоми цела фамилија:

  • Неговата снаа Александра е вработена во УЈП,
  • Неговиот вујко Владимир е вработен во Катастар,
  • Братучедот на Милошоски, Станко е вработен во Централен регистар,
  • Братучедката Елизабета е вработена во основно училиште,
  • Неговиот зет Марјан беше раководител во МЕПСО.

Милошоски и Мицкоски нека излезат и нека ги повикаат своите роднини да се повлечат од работните места во јавната администрација и државните компании.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија …