Мицкоски

СДСМ: Мицкоски е заглавен во етнички поделби, Рамковниот договор е фундамент на државата и граѓанскиот концепт на соживот

Соопштение за јавност

Охридскиот Рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.

Жалиме што и после 20 години, безидејните политичари како Христијан Мицкоски се уште обидуваат својата политичка егзистенција да ја остваруват преку сеење поделба меѓу граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од сопствениот учинок во црните страни на нашата понова историја.

Воениот конфликт во 2001 се случи за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога бегалецот и осуден криминал Никола Груевски беше министер за финансии.

Охридскиот рамковен договор како документ кој донесе прекин на воените дејствија е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сеуште е заглавена во поделбите по етнички линии.

“Македонија на сите луѓе” се покажа дека е уште една лага, не се прави со игнорирање на концептот на граѓанска држава и со промовирање чисто етнички политики.

Македонските национални интереси не се штитат со бегање, туку со решавање на проблемите.

Ако политичкиот пироман Христијан Мицкоски не е свесен дека сме полноправна членка на НАТО Алијансата ќе го освестат граѓаните кои ќе го казнат на претстојните локални избори.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 …