СДСМ: Мицкоски му се приклучи на Бачев против НАТО и ЕУ, антизападните маргиналци нема да ја блокираат Македонија

СДСМ: Мицкоски му се приклучи на Бачев против НАТО и ЕУ, антизападните маргиналци нема да ја блокираат Македонија

Прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата:

Антизападниот Мицкоски се приклучи на анти НАТО и анти ЕУ протестите на Јанко Бачев.

Мицкоски и Бачев се докажуваат кој е поголем противник на македонската интеграција во НАТО и ЕУ.

Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ и официјално се дел од маргинална група која сака да ја поткопа иднината на Македонија. Мицкоски работи против членството во НАТО и ЕУ, против врвните национални и државни интереси.

Јасно е се.

Станува збор за два различни концепти. Од една страна се Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ.

Ние, и мнозинството граѓани, сакаме Македонија да оди напред, да биде во ЕУ и НАТО.

Залудни се нервозните обиди да се спречи напредокот на нашата земја, антизападните Мицкоски и Бачев нема да ја закочат иднината, нема да ја блокираат Македонија.

Нивната антизападна агенда не поминува и тоа јасно се гледа преку слабата поддршка на антизападните протести, овде пред Собранието. Немаат поддршка дури ниту од оние пратеници кои останаа да бидат дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и пратениците знаат, Македонија нема алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од Преспа.

Граѓаните ставија крај на изолацијата, поделбите и омразата.

Македонија оди напред и нема враќање назад во темното минато, колку и тоа да не му се допаѓа на антизападниот пион Мицкоски.

Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО!

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …