СДСМ најавува проширување на мнозинството, Мицкоски се прашува дали вреди да се занимава со политика

Изјавите на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и обраќањето преку Фејсбук на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, укажуваат дека наместо да се изгласа недоверба на владата, владеачките партии ќе го прошират мнозинството.

Пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи, кого денеска го бараа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на БЕСА Билјал Касами и на Алијанса за Албанците Зијадин Села, вечерва преку Фејсбук излезе со порака дека е жив и здрав. Тој во изјава директно му порача на Касами да не се грижи за него, порачувајќи дека е безбеден.

Реџепи во снимената изјава на Фејсбук рече дека поединци му се заканувале, за што дополнително ќе се појави во медиумите за да го расветли случајот.

Инаку, вечерва изјава даде и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, којшто што кажа дека тие имаат информации оти токму ВМРО-ДПМНЕ му правеле притисоци на пратеникот Реџепи.

Пратеникот Јован Митрески рече дека после подолг период господинот Христијан Мицкоски кажал една голема вистина, а тоа е дека ова постоечко парламентарно мнозинство ќе расте.

Тој додаде дека токму Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на владата, за овој негов неуспех, Мицкоски да не бара алиби и да ја префрла одговорноста, бидејќи само тој е виновен.

„Само за власт и за ништо друго седна на иста маса со анти-НАТО и анти-ЕУ структури“, рече Митрески од СДСМ.

Тој додаде дека во текот на утрешниот ден јавноста ќе добие информации во врска со порастот на парламентарното мнозинство, без да прецизира детали.

„Не само што имаме, туку кажувам дека ова парламентарно мнозинство ќе расте“, рече пратеникот Митрески.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доцна попладнево рече дека ќе чекаат до полноќ да се појави пратеникот Кастриот Реџепи, којшто бил потпишан на иницијатива за гласање на недоверба на актуелната влада.

„Ако се потврди уште еднаш трговијата со пратеници, тогаш се поставува прашањето дали воопшто вреди човек да се занимава со политика во оваа наша Македонија додека оваа власт предводена од Зоран Заев постои“, изјави Мицкоски.

Тој им се извини на граѓаните што мора да биде дел од „ваков срам“, којшто политичарите на граѓаните им го приредиле.

„Ако вака навистина се практикува политика во Република Македонија сериозно ќе се замислам дали и вреди да практицираме политика во Македонија“, рече тој.

Мицкоски рече дека се срами што овој период воопшто бил дел од „политичкото мочуриште“, но и дополни дека не го чуди да се зголеми парламентарното мнозинство на власта.

„Методите на СДСМ и ДУИ се познати, ќе ги видите и деновиве“, изјави Мицкоски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Љупчо Николоски: Ако сакаме нашите граѓани да бидат спокојни, мора да покажеме дека сме обединети околу најважните и стратешки приоритети во земјоделието

Отворено писмо од министерот Љупчо Николовски до Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата …