СДСМ

СДСМ: Одговорност за лицемерот Мицкоски кој крши ковид протоколи

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Во време кога повторно има поголем број активни случаи од Ковид 19, кога лекарите и медицинскиот персонал не можат да здивнат поради состојбата со вирусот, Мицкоски си поигрува со здравјето на граѓаните и крши протоколи.

Се гоштева Мицкоски во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија.

Неговата ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а тој попладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните.

Нема ништо искрено во оваа партија, нема чесна намера ниту кон учениците ниту кон родителите ниту кон граѓаните.

Тоа е лицемерието, неодговорноста и би додале самобендисаноста на Христијан Мицкоски.

Едно зборува, друго прави. На штета на здравјето на луѓето.

Ете колку не им тежи зборот.

Дали е нормално и етички во верски објект некој да се однесува како да е кафана е едно прашање.

Но, кршењето на протоколите за заштита на здравјето на луѓето повлекува одговорност.

Надлежните институции очекуваме да реагираат на ова скандалозно однесување на Христијан Мицкоски.

Почитувани граѓани,

Ова е вистинското, лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува вака, неодговорно и срамно.

Мицкоски го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани кога беше фатен дека ги прекршува протоколите.

Повеќе од јасно зошто од Мицкоски, не слушнавме осуда за охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, кој наместо во самоизолација, нодоговорно се појави на верски празник меѓу граѓаните.

Тоа е една иста матрица и едно исто непочитивање ниту на законите, ниту на граѓаните.

Тоа е Христијан Мицкоски, човек кој лаже и се однесува лицемерно.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …