СДСМ: После ООН, лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани и од ЕУ

СДСМ: После ООН, лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани и од ЕУ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ:

По ООН лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демнтирани и од ЕУ, опозициската партија не може да се помири со фактот дека почнуваме преговори со Унијата и станавме членка на НАТО

ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски продолжуваат неодговорно да се однесуваат и да пласираат лажни вести само заради тоа што не можат да се помират со успехот што нашата држава го постигна на меѓународен план за толку краток период.

Откако беа демантирани од Обединетите нации, сега добија демант и од Европската унија, од каде јасно порачаа дека едностраната изјава на Бугарија не ги менува заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за отворање на преговорите, поддржани и од Европскиот совет.

И во време на глобална пандемија не престанува неодговорното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ, за само две и пол години, успеа државата да ја врати на европските и евроатланските патеки, добивме датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, станавме членка на НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ за 11 години единствено што успеа е да ја изолира државата на меѓународен план, а на внатрешен план станавме заробена држава, во која царува криминалот и корупцијата.

Токму затоа лажните вести што ги пласираат ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски, за наводни дополнителни услови и пречки во пресрет на отворањето на преговорите со ЕУ и одржувањето на првата меѓувладина конференција, се класични лажни вести на кои никој не верува.

Граѓаните добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е најголем извор на лажните вести и ќе го ценат таквото однесување на опозициската партија

Прочитајте повеќе

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р …