СДСМ: Постигната рекордна цена на тутунот, парите кај тутунарите до крајот на годината

СДСМ: Постигната рекордна цена на тутунот, парите кај тутунарите до крајот на годината

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани,

Оваа година е година на рекордни приходи на тутунопроизводителите.

Постигната е досега рекордна цена за откупен тутун.

Просечната откупна цена за килограм тутун од годинешнава реколта изнесува 285 денари и е за 40 отсто повисока во однос на минатогодишната.

Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се на целата територија на државата.

Откуп на тутун вршат вкупно 10 регистрирани откупни претпријатија на 200 откупни пунктови.

До сега се откупени 16.5 милиони килограми од вкупно произведени 25.850 тони и според процените, откупот на тутун се очекува целосно да биде завршен пред Нова Година.

На овој начин, за прв пат во историјата сите тутунопроизводители на своите сметки ќе ги добијат парите пред новогодишните празници.

Согласно постигнатата рекордно висока откупна цена, значи дека и субвенциите по класи ќе бидат најголеми до сега.

За поздравување е што има зголемување од 14 отсто на површините за одгледување на оваа стратешка култура, а зголемување од седум отсто има и на договорите за откуп на тутун, односно склучени се вкупно 29.653 договори.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство и институции, покрај субвенциите, преземаат и низа други мерки и програми за поддршка на тутунопроизводителите.

Земјоделството е една од нашите стопански гранки, затоа ние како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа и конкретна помош за секој земјоделец.

Прочитајте повеќе

Спасовски: Предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Спасовски: Предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и …