СДСМ Прилеп: Доследно да ги почитуваме мерките за лична заштита, заедно можеме и ќе го победиме вирусот

СДСМ Прилеп: Доследно да ги почитуваме мерките за лична заштита, заедно можеме и ќе го победиме вирусот

Мартина Стојкоска – Портпаролка на ОО СДСМ Прилеп.

Почитувани,
Од нашата дисциплина во почитувањето на мерките за заштита на личното и јавното здравје, зависи колку долго ќе трае битката против коронавирусот.
Влегуваме во клучниот период од борбата против коронавирусот. Ова е моментот кога сите треба да дадеме максимум за да се воспостави контрола врз вирусот.
Да не забораваме дека вирусот е тука и е опасен, иако е јасно дека неговата вирулентност опаѓа, затоа што во последниот период многу мал број граѓани имаат симптоми од заразата.
Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

Да носиме маска или друга заштитна опрема, со која ќе ги заштитиме носот и устата. Да одржуваме физичка дистанца од луѓето околу нас и да не се групираме. Да вршиме редовна дезинфекција во домовите, а особено на работните места и површини.
Мораме да ги почитуваме овие мерки. Но, и да им укажеме на нашите роднини, пријатели, колеги дека и тие треба да го прават истото.
Само на овој начин ќе го заштитиме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски.
Во периодот којшто е пред нас, вака ќе пазариме, ќе одиме на работа, ќе ги посетуваме кафулиња, рестораните и ќе можеме да функционираме. Ако строго се почитуваат мерките за заштита, тие даваат резултат.
На истиот начин, според мерките и протоколите за заштита од коронавирусот , можеме да имаме безбеден и успешен изборен процес.
Избори на кои ќе го вратиме легитиметот на институциите и уште подобро ќе се справиме со економските и здравствените последици од вирусот.
Заедно можеме и ќе успееме!

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …