Борче Јовчески

СДСМ Прилеп: Една година лаги и манипулации, оставка на Борче Јовчески за доброто на Прилеп

Зоран Пачешкоски – Претседател на ОО СДСМ Прилеп

 Почитувани,

Борче Јовчески е најлошиот градоначалник во нашата држава!

Борче Јовчески е најнеспособниот градоначалник во историјата на Прилеп!

Борче Јовчески е срам за прилепчани!

Она што требаше да претставува „Отчет“ за неговото едногодишно практикување на градоначалничката функција, е најдобар доказ за претходно кажаното.

Градоначалникот Јовчески ја преспа првата година од својот мандат.

Нула проценти реализација на проекти, 100 проценти изборни лаги и измами.

Резултат на бесцелно потрошените 365 дена, е едно големо – НИШТО!

Токму затоа од него се дистанцираат и партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ, и медиумите блиски до неговата партија.

Својата неспособност да се справи со предизвиците кои ги носи функцијата која ја извршува, градоначалникот Јовчески не може да ја покрие со бегање од граѓаните. Уште помалку, со присвојување на проекти реализирани од неговиот претходник.

Ако имаше барем малку доблест, Јовчески јавно ќе се извинеше за зголемените цени на водата и комуналните услуги, на паркингот и јавниот градски превоз.

Ќе се извинеше и заради излажаните ученици, и заради партизацијата на администрацијата.

Заради сето она што го вети, а не го исполни.

Заради фактот дека со лага дојде на власт.

Заради намерата со лага да го помине целиот мандат.

Градоначалниче Јовчески,

Осмели се, охрабри се и конечно направи нешто добро за себе, за партијата која те кандидираше, за граѓаните на Прилеп – поднеси оставка!

Итна и неотповиклива!

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …