СДСМ Прилеп: Градоначалникот Борче Јовчески е единствениот виновник за откажувањето на „Пивофест“

СДСМ Прилеп: Градоначалникот Борче Јовчески е единствениот виновник за откажувањето на „Пивофест“

Прес-конференција на Александар Ѓорѓиоски, претседател на ЛК на СДММ Прилеп

Почитувани сограѓани,

Елементарната непогода наречена Борче Јовчески, продолжува со уништувањето на градот и населените места во општина Прилеп.

Со неговата неспособност да раководи со општинската администрација, Јовчески целосно го наруши функционирањето на локалната самоуправа, а со инсталирањето на паралелната администрација, решавањето на основните проблеми и потребите на граѓаните стана невозможна мисија.

Пустошењето на градот, првенствено преку дваесетмесечната негрижа и константното руинирање на патната инфраструктура, се прошири во секоја сфера на секојдневниот живот на прилепчани.

Неговото најново “достигнување“ е уништувањето на манифестацијата со дведецениска традиција – „Пивофест“.

Фестивалот на пивото и познатата прилепска скара, кој во 2003 година го започнаа тогашната локална власт и градоначалникот од редовите на СДСМ, стана препознатлив бренд на градот. Освен добра забава и масовна посетеност, манифестацијата имаше и финансиски бенефит за прилепската економија, пред се’ за угостителската и трговската дејност.

И така беше се’ до оваа година, кога неспособниот прилепски градоначалик Борче Јовчески го “погреба“ „Пивофест“.

Не постои никаква дилема дека Јовчески е единствениот виновник за откажувањето на фестивалот на пивото и скарата. Изговорот на суетниот прилепски градоначалник дека Општината не е организатор туку обичен помагател на „Пивофест“, е евтин и перфиден обид за префрлање на вината на друга адреса.

Јасно е дека од првото издание на „Пивофест“, прилепската локална самоуправа беше негов коорганизатор.

Впрочем, барањата за спонзорство на манифестацијата кои Општината и градоначалникот ги испраќаа до прилепските дуќанџии, до малите и средни фирми и големите компании, директната вклученост на општинската администрација во организацијата на „Пивофест“, како и редица други факти, го потврдуваат она од што Борче Јовчески сака да се амнестира.

Тоа што никој од прилепските бизнисмени и стопанственици не се отповика на испратените барања за спонзорство, е најдобар доказ за авторитетот кој Јовчески го ужива меѓу граѓаните и фирмите, а кој е еднаков на – НУЛА!

Заради сето ова, заради девалвирањето на градоначалничката функција и уништувањето на градот и перспективата на прилепчани, најдоброто што Борче Јовчески може да го направи за себе и за своите сограѓани, е да си поднесе оставка. Колку побрзо, толку подобро за сите!

Прочитајте повеќе

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р …