Парите за јуни за субвенциониран студентски оброк ќе бидат исплатени следната седмица

Средствата по основ на субвенциониран студентски оброк за месец јуни ќе бидат исплатени следната недела, информираа за Мета.мк од Министерството за образование и наука (МОН), откако упативме прашање за тоа која е причината што последната исплата на средства за оваа академска година доцни со недели.

ОД МОН велат дека во моментов се обработуваат податоците на студентите добиени од другите институции, а средствата за јуни ќе бидат исплатени во текот на следната седмица.

„Во текот на вчерашниот ден ги комплетиравме податоците од сите институции кои вообичаено се потребни за да се реализира исплатата, така што во моментов се обработуваат“, велат од МОН.

Според нашите пресметки, за јуни треба да бидат исплатени 2.940 денари.

Овие средства се последни што студентите ќе ги добијат за оваа академска година, но и последни што се исплаќаат на нивните трансакциски сметки. Според најавата, од септември треба да почне да се применува системското решение, со кое студентите преку посебни дигитални картички или мобилна апликација ќе можат да купуваат оброци кај регистрирани даватели на услугата  – ресторани, барови, продавници и тоа во определени периоди во денот.

Законското решение за субвенциониран студентски оброк е создадено според примерот кој со години функционира во Словенија.

Прочитајте повеќе

ДПМНЕ блокира грант од 14 милиони евра, ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ Почитувани, Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои …